Француска актерка, пејачка, модел, а сега активистка која ги штити правата на животните. Беше модна икона, светски прочуена убавица! Направи револуционерни модни подвизи, руши многу стереотипи и предрасуди. Брижит Бардо, денеска го слави 89-от роденден!
Брижит Бардо има снимено над 50 песни. Како актерка се појави во 47 филмови, а Бардо беше дел и од неколку музички шоу-програми. Но, зад цела таа приказна, се криела друга жена.
Имала над 100 љубовни афери, не го сакала својот син и водела боемски живот! Дали ова е за осудување?
Имено, зад себе има повеќе бракови, а со еден од нејзините сопрузи родила син. Но, таа не го сакала тоа дете. Веднаш размислувала околу абортус, но во Париз во тоа време, тоа било строго забрането. За жал, Брижит никогаш не го засакала својот син и не развила мајчински инстинкт. Едноставно, таа тврдела дека не знае да биде мајка.
Но, кои сме ние да ѝ судиме. Според нас (не дека е толку важно нашето мислење), актерката била свесна за себе и своите способности. Па нели денес сите се бориме за будење на таа свест. Се пишуваат статии околу фактот колку доволно се знаеме себе си, како да се откриеме и сето тоа како да е некоја врвна цел што еден човек треба да ја постигне. Епа оваа жена веројатно јасно знаела што сака, но токму поради тоа што го сакала станала мета на критики. Прашањето е зошто се премислила?
Веројатно секој има право на своето право, но сепак мораме да се приклучиме на толпата. Зошто и од што се плаши поединецот? Сакате да бидете во брак? Бидете! Сакате да сте сами? Бидете! Сакате да имате многу деца? Имајте! Сакате да немате? Немајте!
Но, изгледа дека не е така. Изгледа дека постои некој латентен кодекс и некои непишани правила кои колку и да не се по наша волја, се прават. Зошто живееме во таков феик, во таков хаос? Бардо имала голема анксиозност, депресија, а медиумите велат дека имала и неколку обиди за самоубиство. По извесно време се каела за тоа што одбила да биде мајка и сакала да го има својот син во нејзиниoт живот, но веќе било доцна. Очигледно Брижит Бардо не стоела зад своите постапки. Колку и понекогаш да грешиме, треба да го прифатиме тој багаж и од тој живот да направиме нешто убаво. Родени сме да создаваме, а не константно да уништуваме!
Како и да е, Бардо остана да живее над филмското платно и сеуште се вели дека таа е една од најубавите жени во светот. Во нејзина чест, споделуваме неколку познати цитати:
–Жените стануваат многу понесреќни колку повеќе пробуваат да бидат целосно слободни.
-Ја дадов убавината и младоста на мажите. Ќе ја дадам староста и мудроста на животните.
–Нема ништо поубаво од драга стара жена која станува се помудра со годините.
-Животните никогаш не ме издале. Тие се лесна жртва, како што бев јас во текот на мојата кариера. Затоа и се чувствуваме исто. Ги сакам.
–Заминувам пред да бидам оставена. Јас одлучувам.
-Дали мора да имате причина за да сакате?
–Никогаш не размислувам додека водам љубов.
-Сум била многу среќна, многу богата, многу убава, многу позната, многу ми ласкале и многу несреќна.
–Не жалам за ништо во мојот живот. Зрелите жени не можат да се каат. Зрелоста доаѓа токму кога животот веќе ве научи на сè.
-Нема потешка работа од тоа да изгледате убаво од осум наутро до дванаесет навечер.
Цела љубов трае онолку колку што заслужува.
-Ако жената не може да го добие мажот што го сака, тогаш таа старее.
-Подобро е да бидеш неверен отколку лојален против твоја волја.
-Не ми е важно што ќе мислат луѓето за мене во иднина. Тоа што се случува сега е многу поважно. По смртта нема да се грижам за ничие мислење.