Одвреме-навреме, на сите ни треба малку инспирација. Секојдневните афирмации не потсетуваат да останеме силни од внатре, без разлика што и како ни се случува. „Ако не ризикувате ништо, ризикувате уште повеќе!“
Но, понекогаш потребен е дополнителен импулс како засилување да го подигнете расположението,а потоа да ризикувате. Цитатите од луѓето кои искусиле многу бури во животот, се наш мотивирачки избор. Истовремено ќе ги елиминираат постоечките репетативни мисли кои во „грото“ случаи се негативни. Разбудете се со убава мисла и започнете да ги креирате вашите успеси уште денес!
1. „Ако не ризикувате ништо, ризикувате уште повеќе“. – Ерика Јонг
2.„Оној што има трпение, може да има што сака“. – Бенџамин Френклин
3. „Единствениот кој може да ви каже „Не можеш да победиш“ е самиот вие и не мора да го слушате“. – Џесика Енис
4. „Животот е како возење велосипед. За да ја одржите вашата рамнотежа , мора да продолжите да се движите“. – Алберт Ајнштајн
5. „Она што го правиш е толку гласно, што не можам да слушнам што велиш“. – Ралф Валдо Емерсон
6. „Никогаш не дозволив моето школување да ми пречи на образованието“. – Марк Твен
7. „Ако сѐ уште не можете да правите големи работи, правете мали на одличен начин“. – Наполеон Хил
8. „За една година од сега, ќе посакате да сте почнале денес“. – Непознат автор
9. „Успехот е да го добиеш тоа што го сакаш, среќата е да го сакаш она што го добиваш“. – Б.П. Кинсела
10.„Не чекајте совршено време и место за влез, бидејќи веќе сте на сцената“. – непознато
11. „Никогаш не сонував за успех, Работев за тоа“. – Естер Лаудер
12. „Она што жените допрва треба да го научат е дека никој не ви дава моќ! Само земете ја“. – Розеан Бар
13. „Некаде, нешто најверојатно чека да се дознае“. – Карл Саган
14.„Реките го знаат ова: Нема брзање. Ќе стигнеме таму еден ден“. – А.А.Мили
15. „Неуспехот е едноставно можност да се започне повторно, овој пат поинтелигентно“. – Хенри Форд
16. „Нашата најголема слава не е во тоа што никогаш не паѓаме, туку стануваме согаш кога ќе паднеме“. -Конфучие
17. „Ако го промените начинот на кој гледате на работите, работите на кои гледате, се менуваат“. – Вејн Даер
18. „Ние сме она што постојано го правиме. Значи, извонредноста не е чин, туку навика“. – Аристотел
19. „Започнете таму каде што сте. Искористете го тоа што го имате. Прави што можеш“. – Артур Ели
20. „Кога ги менувате мислите, не заборавајте да го промените и вашиот свет“. – Норман Винсент Пил