Ако ти речат:,,Не можеш! “, тоа е нивни лимит, не твој! – Понеделник со мотивациски цитати

Понеделник

ПОНЕДЕЛНИК e првиот ден од седмицата. Значи почеток, нов лист нова страница. Понеделник, велат Господ започнал да работи. Започнете од овој ден и изградете го тој успех кој од секогаш сте го замислувале. Искачете се на тие скалила и токму денес направете го првиот чекор.

Жетвите почнуваат во понеделник, семето се вади во понеделник за сеење. Куќа започнува да се гради од овој ден. Сите работи почнуваат понеделнички. Започнете инспирирани со убава мисла. Разбудете се мотивирани и прочитајте неколку совети и цитати кои ќе ве инспирираат:

-Танцувањето наутро го менува начинот на тоа како ќе чекорите во текот на целиот ден! Пуштете музика и започнете да танцувате од ова утро!

-Не се плаши да не паднеш, плаши се ако не се обидеш!

-Еднаш кога ќе сфатиш дека заслужуваш, се ќе се промени!

-Твојот живот не е досаден. Само е ослободен од ДРАМА!

-Трпението е најголема дисциплина!

-Ако некој ти рече:,, Не можеш! ” тој го покажува неговиот лимит, а не твојот!

-Престани да го споредуваш твоето прво поглавје од твојата приказна со десеттото поглавје од некоја туѓа приказна! Ова е само почеток! Од денес, се ќе биде поинаку и ќе се случуваат само добри работи!