Со Бред Пит нема играње! – Шо сака си прај чоеко со модата, а вие одма трчате по продавници!

Важи за еден од најзгодните холивудски актери. Ок, да не се лажиме најличота е. Па ваљда нема девојка и жена што барем секунда не се замислила со Бред Пит и како си лафат тука нешто… И по чамче муабет, нешто овај као се одвара, а нашава типка пуфица… и…. Ок, ладна вода ќе ве молам! Да се вратиме на темава! Иначе актерот пак ги враќа познатите пепито панталони. Ко шо ми текнува мене, пепито беа од времето на Југославија кај нас, а во светот од кузнеј кога.

И дури појќето мажи нејќат ни да ги видат, па камоли да ги облечат, батето Пит си фура со пантољата. Море љуѓе Бред Пит е. Шо сака си прај чоеко. Вие одма насклдисани оти немате ваков модел во реагало. Чекајте можи ќе се премисли, утре друго ќе му текни. Тој жените ги менва ко чорапите, па камоли алиштата. Не одат така работите вие ко шо мислите. Полека. Ланѕа, ланѕа…

А ко сме кај муабето, оти брзо густира, папараците го скивнале и во жолто костимче, шо кај нас маж тешко оти ќе се кандиса да го облечи. Мислам, сори за паралелата, али шо е така, така е. Нема маж. А и па жените да видат некое мажуле во вакво жолто сакме, шо знам дали ќе се кандисат за нешто појќе од „здраво“.

Така да подумајте, дали овој избор на облека е полн и сигурен погодок за во наши простори. Мислам, шо јужније, то тужније, така да овде… нешто спитфаер црн, некоја маслинка боја, нешто на војна да асоцира, на напнато, на тензично…

И ко шо велат брача срби (ова замислете го дека го вели некоја згодна девојчица со едно метро нога и штиклес на нивоу: „Bez obzira što uskoro puni 61 godinu, Bred Pit nastavlja da eksperimentiše s modom i iznenađuje svojim smelim izborima. Njegova opuštenost i samopouzdanje čine ga inspiracijom mnogima koji se ne boje da nose nešto drugačije.“ Јаооо човече!

ИЗВОР