Годините се само бројка, а овој брачен пар умешно го докажа тоа. Овие баба и дедо се доказ дека младоста не знае да згасне.
Имено, станува збор за вирално видео кое врти на социјалните мрежи и сеуште собира „лајкови“. Двајцата партнери (кои очигледно се во поодминати години), зрачат со енергија, танцуваат со леснотија и секако ја пренесуваат позитивната енергија низ етерот. Се движат во ритам, а стилот им е несомнено, уникатен.
„Ова со сигурност е најсреќниот брачен пар на планетата!“ „Ох Господе! Би сакала и јас да имам некој партнер како овој човек. Некој кој ќе остари токму вака со мене!“ „Не можам да се движам како нив, а имам само 34!“ – се само дел од коментарите.
Нивната непрекината радост покажува дека срцата никогаш не стареат. Нема возраст за радост и љубов.
Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во една уникатна танц – атмосфера.
А ние… Ние би заклучиле дека можеби е време да ги научиме чекорите и конечно да танцуваме во ритам. Макар и да сме на залезот.