Со изразито бунтовнички дух, темперамент и самодоверба во модниот свет, би ја издвоиле Ајрис Апфел која веќе наполни 102 години.
Препознатлива по шарениот еклектицизам, Ајрис Апфел се истакнува од толпата со автентичен потпис и уникатен имиџ. Таа е репер за многумина, а од нејзиниот изглед можеме само да заклучиме дека оваа модна икона не потсеќа дека годините се само бројка, а најважно е она што го чувствуваме внатре. Потоа, секако треба и да го облечеме тоа на нас и да му дадеме боја на секојдневието, на животот. Всушност, познат е и цитатот на оваа модна икона кој советува:
„Прифатете го стареењето и вашата возраст и искористете го искуството што сте го стекнале во текот на животот. Правете го она што го сакате за да го окупира вашиот ум и да престанете да размислувате за годините!“
Понатаму еден од медиумите, оваа инспиративна жена говори за бракот и за партнерот кој треба да го одберете. Таа раскажува дека нејзиниот сопруг кој ја поддржувал во сѐ и правел да се чувствува како таа да е во центарот на светот. Најпрво во врската треба да бидете пријатели, вели оваа жена на нејзиниот инстаграм профил. Смислата за хумор е најважното нешто кое треба да го барате кај партнерот, според Ајрис Апфел. „Луѓето кои стапуваат во брак, низ годините се обидуваат да го променат карактерот на својот партнер? Зошто да не бидете свои? Зошто да се менувате? Вие сте се вљубиле токму во тој човек.
Искуството доаѓа подоцна, вели Апфел. Па така ако нешто многу посакуваме или ни се гледа како интересно, не смееме да се плашиме од фактот дека немаме искуство. Мораме да излеземе од тој комфор и истото да го создадеме.
Ако сакате да бидете вечно млади, размислувајте како млад човек! Таа никогаш не сакала да биде стара и досадна: „Со гордост го носам статусот на најстар тинејџер на планетата што сама го измислив и имам намера да останам во тој дух додека сум жива. Ако сакате да останете млади, размислете соодветно.“