Божиќното цвеќе како симбол на радост и среќен почеток, се внесува во нашите домови со самиот почеток на празничниот период.
Ова раскошно цвеќе во бела и црвена боја, заедно со нас ја прославува чистотата и љубовта која извира во сите домови за време на Божиќните празници.
Неговиот цвет и лист, носат среќа и благослов.
Поставете го на места каде семејството најчесто се собира. Знаете зошто? Затоа што Божиќното цвеќе ја сака светлината како ниедно друго. Семејството е восхитувачки светлосен фотон и еквивалент на сонце. Ова т.н. празнично цвеќе тоа го препознава и се сплотува со атмосферата на дарување и радост што ја носи Свети Никола.
…И како велат, среќата се дуплира и размножува. Не се дели. Таа трае, затоа што во неа се верува.