Детал за последниот концерт на Бора Чорба, дури сега излезе во јавноста!

Бора Чорба: врвни лекари се борат за неговиот живот

Бора Чорба (Бора Ѓорѓевиќ), фронтменот на Рибља Чорба, се наоѓа во критична состојба во Клиничкиот болнички центар во Љубљана. Причината е копликација од хронична опструктивна белодробна болест. Според најновите извештаи, неговата состојба и натаму е многу сериозна! Врвни лекари од болницата, позната по лекувањето на Јосип Броз Тито, се обидуваат да го стабилизираат.

Бора беше интубиран како дел од неговиот третман. Неговата сопруга, Дубравка Милаковиќ, менаџерот Бане Обрадовиќ и блиските пријатели секојдневно го посетуваат и се информираат за неговото здравје. Според извори, тие изразуваат голема загриженост и надеж за негово подобрување.

Поддршката од обожавателите и колегите од музичкиот свет продолжува да пристига. Испраќаат пораки на сочувство и охрабрување. Имено, за фронтменот на „Рибља чорба“, водителката на телевизија и радио Актуел од Љубљана – Тамара Горичанец, сподели детал за неговиот последен концерт во месец Април. Детал кој се чувал во тајност. Имено, уште на концертот, Бора бил во тешка здравствена состојба, но не се откажал и го одржал. Никој не знаел, но возило итна помош стоело веднаш до сцената, во случај ненадејно да му се слоши. Сите биле преплашени за рокенрол ѕвездата до смрт, но Бора со последни сили го одржа најубавиот концерт според публиката.