Ѕвоното на Олимпијадата крие чудесна приказна

ѕвоното на олимпијадата

Ѕвоното на Олимпијадата крие чудесна приказна! Гестот на ѕвонење на победничкото ѕвоно има длабока симболика што го поврзува спортскиот триумф со срцето на француската историја.

Ова златно ѕвоно, специјално дизајнирано за Олимписките игри во Париз 2024 година, стана симбол на успехот за сите освојувачи на златни медали. Од тркачката Синди Меклафлин – Леврон, која го прослави својот успех на 400 метри со пречки до секој атлет кој го достигна врвот на својата дисциплина, ѕвонењето го претвори овој гест во обележје на олимпискиот дух.

Ова ѕвоно, кое првично се постави во Стад де Франс, каде се одржуваат многу атлетски настани, има многу повеќе значење отколку што се гледа на прв поглед.  Сега, по завршувањето на Олимписките игри, ѕвоното ќе биде преселено во катедралата Нотр Дам која моментално се обновува по разорниот пожар во 2019 година. Со своето присуство во Нотр Дам, ѕвоното ќе стане вечен сведок на олимпискиот дух. Ќе го поврзе со обновувањето на еден од најпознатите симболи на Париз.

ѕвоното на олимпијадата

„Париз 2024 на некој начин помага во обновата на Нотр Дам. Дел од Игрите и олимпискиот дух ќе останат во Нотр Дам засекогаш“, изјави менаџерот на Стад Франс, Пјер-Андре Лаку за NBC.

Ѕвоното на Олимпијадата е направено во Нормандија од страна на мајстори со вековна традиција. Целта е да трае и да одекнува низ генерации. Спред Пол Бергамо, директорот на леарницата , „ѕвоното е направено да трае неколку векови, во духот на градителите на катедралите.“ Овој нов,  историски придонес кон Нотр Дам ќе служи како потсетник на триумфите од Париз 2024... И секако, ќе продолжи да го одекнува славниот дух на градот во иднината.

Ѕвоното ќе биде отстрането од Стад де Франс по Олимписките игри и ќе се пресели во Нотр Дам. Тука ќе остане како симбол на трајната врска меќу Олимписките игри во Париз и обновувањето на еден од најпознатите симболи на градот. Реставрацијата на катедралата е предвидено да заврши во декември годинава. А олимпиското ѕвоно ќе биде поставено заедно со нови, помали ѕвона. Ќе биде симбол на заедничкиот дух на Франција и светот.

Ова ѕвоно со својата моќна симболика ќе продолжи да раскажува приказни за триумфот и обновата, долго по завршувањето на Игрите.

Извор на фотографија – print screen – you tube