…И повторно нова приказна во Book’s House. На 14ти Септември во 19:30 часот, ќе се одржи хуманитарен настан, вечер со македонски автори. Во урбаниот простор на книжарата и кафе локалот Бар Општина, Битола ќе звучи во име на уметноста, музиката, поезијата, прозата. И сето тоа најубаво спаковано во име на хуманоста.
Познатите имиња од македонската книжевна сцена, ќе бидат на оваа локација, а читателите ќе имаат можност да поразговараат и дискутираат околу нивниот писателски порив, идеите и креацијата на сите извонредни дела кои оставиле и оставаат трага во македонската литература. Book’s House е уметничка приказна, инспиративен израз на иницијативата на сопственичката Јулијана Делев која неуморно креира настани од ваков тип. Настани кои ги поврзуваат уметноста на творењето, музиката и хуманота во едно. Во тоа име, оние кои гласно ја поддржаа идејата и ќе придонесат за оваа ноќ да биде за паметење, се и музичките ѕвезди Ламбе Алабаковски, Ирена Димовска, Сара Петровска, Дејан Трајковски – пијано.
Викендов се гледаме во дворот на Бар Општина, каде ќе ја поддржиме идејата на Јуле и Book’s House. Затоа што уметноста единствената магија и убавина во светов која продолжува да живее, а добрината е убавина во своето најдобро издание.
14 Септември во 19:30 часот – Хуманитарна вечер со македонски автори во Book’s House.