Која боја ќе биде хит во ентериерот за 2024?

„Benjamin Moore“, популарниот американски бренд за бои за ѕидови, објави боја која боја ќе биде хит во 2024 година.

Станува збор за нијанса на сината таканаречена „Blue Nova 825“. Прогласена за боја на 2024 година, таа е нежна и суптилна варијанта која ќе внесе свежина во вашиот дом. А доколку ја искомбинирате со црвена, зелена или портокалова, ефектот ќе биде уште поголем.

Смирена, а истовремено и силна и впечатлива боја што асоцира на елеганција и урбано во домот. Во продолжение погледнете неколку идеи за тоа како да ја внесете оваа боја во ентериерот и секако да бидете тренди и во поглед на модерниот дизајн.