Бојата на Вашата аура ги открива вашите особини

аура

Аурата го опишува енергетското поле кое го опкружува телото на човекот или кое било друго живо суштество кое користи кислород.

Според метафизиката се верува дека аурата е составена од различни слоеви на енергија кои ја рефлектираат физичката, емоционалната, менталната и духовната состојба на една личност.

Перцепцијата на аурата варира од поединец до поединец. Некои луѓе имаат способност да ја видат аурата преку екстрасензорна визија или посебен тренинг, додека други можат да ги перцепираат аурите преку сензации и интуиција.

јога боја


Имено, бојата на аурата се поврзува со различни аспекти на битието. Сината аура е поврзана со смиреност и комуникација . Зелената аура дефинира стабилност , креативност и популарност на личноста. Портокаловата аура одбира да биде дел од големо друштво и поседува голема доза на харизма. Виолетовата аура е поврзана со мистерија. Златната аура сака убавина, уметност и природа. Белата или сребрена аура го преферира талентот како свој атрибут. Кафеавата е конфузна и црната боја на аура е еден „голем минус.“

Она што е интересно е дека всушност постои начин како да ја видите сопствената аура. Сѐ што ви треба е лист бела хартија или бел ѕид со природна светлина. Треба да ја ставите раката над подлогата и да ги раширите прстите како да сакате да ги нацртате со молив. Кога ќе гледате во прстите помеѓу, во белата позадина и кога ќе ја извадите раката од фокус, ќе забележете сјај околу вашите прсти. Токму тоа го преставува првиот слој од вашата аура.