BISCUIT во BLISS Mall & Retail Park: Битола ја носи модата со став, не со компромис

BISCUIT во BLISS Mall & Retail Park: Битола ја носи модата со став, не со компромис

BISCUIT во BLISS Mall & Retail Park: Бутик, став, приказна – разговор со Наде Лозанче и Златка Дукмеџиева

Некои отвораат бутик. Наде Лозанче и Златка Дукмеџиева го создадоа Biscuit – место каде што стилот не се купува, туку се носи со став. Во BLISS Mall & Retail Park, нивниот бутик стана синоним за префинет вкус, квалитет и избор што не признава компромиси. Разговараме со нив за модата како израз, за нивните омилени моменти од светот на стилот и за тоа што никогаш нема да најдете во Biscuit.

BISCUIT во BLISS Mall & Retail Park. Ако Biscuit беше личност, како би изгледала?

Наде: Високи потпетици, но секогаш подготвена да се соблечат ако ситуацијата бара акција. Совршено со нашите модели одат и добри патики.

Златка: Секогаш со совршено скроено сако, безвременски стил, но со нешто што сите ќе го забележат – може да е необичен накит, може да е и начинот на кој влегува во соба.

Кој моден совет би го давале постојано, но никој не би сакал да го слушне?

Наде: Ако се мислиш дали ти стои – не ти стои.

Златка: Не е сè за секого – прифати го тоа и ќе изгледаш феноменално.

Што никогаш нема да најдеме во Biscuit?

Наде: Брзи трендови што траат колку еден Instagram пост.

Златка: Нешто што можеш да го видиш на десет други места во истата форма.

Кое беше најинтересното нешто што некој го кажал кога влегол во бутикот?

Наде: Веќе пет минути се обидувам да не сакам сè што гледам.

Златка: Мислев дека ќе влезам само да погледнам. Погледот ме чинеше три нови парчиња.

Biscuit Affair настанот кој го организиравте беше…

Наде: Потсетник дека модата не е само облека, туку начин на кој се движиш низ просторот.

Златка: Вечер кога луѓето не носеа комбинации – носеа карактер.

Мода е…

Наде: Дрскост без потреба да се објаснуваш.

Златка: Одлука која ја носиш пред огледало, но се забележува кога ќе излезеш од дома.

Biscuit во една реченица?

Наде: Бутик што не продава само облека, туку приказна.

Златка: Ако стилот е моќ, Biscuit е местото каде што го полниш својот арсенал.

Како знаете дека некое парче е вистинскиот избор за Biscuit?

Наде: Кога го гледаш и веднаш замислуваш личност што совршено ќе го носи.

Златка: Кога не личи на ништо друго што веќе го имаме, но совршено се вклопува во естетиката на бутикот.

Како изгледа личноста што купува во Biscuit?

Наде: Некој што нема потреба да докажува дека има стил, туку го покажува без напор.

Златка: Некој што знае дека добриот избор трае повеќе од една сезона.

Што е поголема инвестиција – добар фустан или добро сако?

Наде: Сакото. Добро скроено сако може да преживее години без да изгледа застарено.

Златка: Фустанот, но само ако е оној вистинскиот – оној што ја дефинира твојата силуета.

Што повеќе зборува за личноста – парчињата што ги носи или начинот на кој ги носи?

Наде: Начинот на кој ги носи. Истото парче може да изгледа потполно различно на две различни личности.

Златка: Ако стилот е јазик, тогаш личноста е начинот на кој се изговараат зборовите.

Последно парче што ве возбуди кога го донесовте во Biscuit?

Наде: Совршено скроен беж мантил што изгледа како нешто што би го носела француска актерка од 70-тите.

Златка: Едноставен, но неверојатно впечатлив црн фустан што докажува дека класиката никогаш не умира.

Biscuit не е место за обични комбинации – тоа е простор за оние што знаат дека добриот стил е повеќе од избор на парчиња. BLISS Mall & Retail Park Следете нè на Facebook и Instagram за повеќе инспирација.

Интервјуто за „razbudi se“го водеше: Љубица Ангелкова

[post_tags]