Не му е лесно и во Холивуд. Уште една експлозија која ја „пумпаат“ медиумите низ светот. Имено, после снимањето на филмот „It Ends With Us“ се крена галама оти Блејк Лајвли го обвини Џастин Балдони за сексуално вознемирување за време на сетот. Некако се почесто сексуално се вознемируваат овие во Холивуд. Или е тренд или не знаеме што е работата. Ама по наше, сепак станува збор за барање внимание. Скандалите си типични кај филмската индустрија, па како да навикнавме на сочните детали низ времињата. Е сега овој. Балдони планира контра удар. „Актерот и режисер планира да ги достави документите штом ќе продолжат судовите да работат, по празниците“ пишува Дејли Мејл.
„Нема да кажам кога и колку тужби ќе поднесеме, но кога ќе ја поднесеме првата, тоа ќе ги шокира сите што беа изманипулирани да веруваат во очигледно лажна приказна“, изјави адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, за Дедлајн во саботата, пренесува makfax.
„Тоа ќе биде поткрепено со докази и ќе ја каже вистинската вистина. Во повеќе од 30 години правна практика, никогаш не сум видел вакво ниво на неетичко однесување намерно поттикнато преку медиумска манипулација“, додаде тој. Инаку Блејк тврди дека актерот започнал кампања со цел да ја руши нејзината репутација, а ПР тимот н актерот, го тврди спротивното. Не им е лесно ни во Холивуд и вака празнично што се расправаат некако не личи… Ама, наше е да пренесеме што се шушка.