Весели кофчези во облик на крофна, чоколадо или јахта, просто да не веруваш! И ова дојде како информација, неверојатно, но вистинито … Погребите можеле да бидат креативни. Овие необични опции потсетуваат дека и во најтешките моменти , вклучително и заминувањето, можат да се гледаат од друга перспектива, барем така велат тие кои се сетиле на оваа можеби бизарна идеја.

Весели кофчези! Дали и смртта е дел од животот, и животот заслужува да се слави дури и во своите последни моменти? Веројатно ова е конкретната инспирација. Запознајте ги веселите кофчези во облик на крофни, „чоколадни пакувања“ или јахти! И смртта можела да се прослави со стил.

Рос Хал, сопственик на компанијата „Дајинг арт“ од Окленд. Нов Зелан, специјализиран е за изработка на шарени кофчези во облик на крофна, беше употребен за погребот на неговиот роднина, Фил Меклин. Како сеќавање на Фил, таа крофна ќе остане и неговата смисла за хумор“, изјави неговата сопруга Деби.

Рос Хал создава и други весели форми како што се кофчези во облик на јахти, кармини, чоколада, Lego коцки. Неговите кофчези често пати се покриени со лажни драги камења и имаат уникатни дизајни инспиририрани од филмови како „Матрикс“. На веселите кофчези, присутни се и мотиви од омилени плажи и места за одмор.

кофчези

Хал ја добил идејата пред петнаесет години кога размислувал за својата смрт при составувањето на неговиот тестамент. Тој се запрашал како сака да се појави пред светот и одлучил да биде различен. Во својот тестамент напишал дека сака црвен кофчег со пламен.

По шест месеци, Хал кој исто така води компанија за огласување и графика, реши да се зафати со реализацијата на својата идеја. Иако првично, погребните директори биле скептични кон оваа необична идеја, со текот на времето започнале да ја прифаќаат и да ја ценат креативноста што ја носи. За самата изработка, Хал користи влакнести и шперплочни материјали како и дигитален печат. Некои од нив како јахтата, имале сложени дизајни со кобилица, кормило, кабина и дури и метална ограда. Сите весели кофчези се биоразградливи и цените варираат од 3 000 до 7 500 новозеландски долари во зависност од дизајнот.

кофчези
кофчези

Според Хал, расположението на погребите се променило во последните години: „Луѓето сега сметаат дека тоа е прослава на животот, а не тагување за смртта.“ Во меѓувреме, Хал го променил своето мислење да биде погребан во кофчег со леопард дезен…

кофчези