Градот станува фестивал. Пациото станува подиум. Битола Отворен град влегува во ноќен режим.
По култниот зимски сет на Herzel во организација на МКЦ-Битола, пациото на Музејот повторно оживува – оваа вечер со летна енергија, аналоген звук и тројца мајстори зад пултот: DJ GOCE. CHVARE. DOUBLE G.
Тројца диџеи, три стила, еден заеднички импулс: DJ Goce – жив ритам-архив од македонската хип-хоп историја
Chvare – креатор на звучни светови надвор од формулите
Double G – млад, гласен, храбар – звук што се шири
Пациото на Музеј, Битола вечерва (петок 27 јуни) во 21:00 часот станува подиум. Влезот е слободен, а вам ви останува да уживате во уште една летна приказна може да се запише само во нашиот град.
За ова, во ПР Текстот на МКЦ-Битола, додаваат:
„Ова не е викенд-настан. Ова е дел од фестивал што 24 години ја раскажува алтернативната историја на еден град – преку музика, уметност и звук. МКЦ-Битола Ве кани на уште една фестивалска вечер што не познава сцена – затоа што цел град е сцена.БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2025: 24 години урбана култура без пауза.“