Битола ќе го одбележи денот на државноста на Хрватска со културна програма

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во петок на 6 јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола ќе се одржи свечен културен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.

Битола ќе го одбележи денот на државноста на Хрватска со културна програма

Програмата ќе понуди богата уметничка содржина, меѓу која настапи на женската вокална група „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска. Публиката ќе има можност да ја проследи и изложбата на фотографии „Хоризонти“ од авторката др. сц. Блага Петрески од Сплит, како и настап на ученици од Државното музичко училиште – Битола како специјални гости.

Настанот е организиран во соработка со Културно-информативниот центар Битола, а влезот е слободен. Организаторите упатуваат благодарност до сите поддржувачи и ги покануваат граѓаните на заедничко одбележување на овој значаен ден за хрватската заедница.

[post_tags]