Казни за предолг бакнеж – Аеродром во Нов Зеланд ги казнува оние кои предолго се збогуваат

Без филмски бакнеж!

Аеродромот Дунедин на Нов Зеланд предизвика вистинска сензација на интернет со воведувањето на ново правило кое го ограничува времето за збогување на три минути! Да, добро прочитавте  – само три минути за последен бакнеж, прегратка или солза. Доколку сте расположени за подолга емоционална разделба, знакот сугерира да се преместите на паркингот.

Збогувањето на аеродромот во Нов Зеланд е момент полн со емоции, но постои правило што треба да го знае секој патник:

Времето на збогување е ограничено на само три минути. По истекот на овој период, патниците се соочуваат со казни. Ова правило е воведено за да се одржи текот на патниците и да се избегнат непотребни задоцнувања. Истовремено се создава уникатен и интензивен момент за оние што се збогуваат.  Без филмски бакнеж и со фокус на моментот, збогувањето станува брзо, но незаборавно.

без филмски бакнеж

Оваа необична забрана ја подели јавноста низ светот. Некои корисници на социјалните мрежи се шегуваат за „полицискиот час“ за милување, поставувајќи си го прашањето дали следниот чекор ќе биде тајмер за ракување. Други, саркастично забележуваат дека е чудо што аеродромот сè уште има простор за слетување кога ќе се земат во обзир сите нови давачки и казни.

Колку долго е доволно?

Извршниот директор на аеродромот, Даниел де Боно, го бранеше ова правило, изјавувајќи дека аеродромите се „жаришта на емоции“. Според истражувања, 20-секундна прегратка е доволна да предизвика „експлозија на хормонот на љубовта“ – окситоцин. „Побрзото движење значи повеќе прегратки за повеќе луѓе“, додава тој, како прегратките да станале нова дисциплина за брзина. Колку долго е доволно? Дали ова навистина е крајот на долгите збогувања или само знак на времето во кое живееме? Очигледно, љубовта повеќе нема време за чекање!

Соломоново решение

За оние кои сакаат подолго да уживаат во последните моменти, паркингот нуди 15 минути бесплатно, емоционално збогување. Де Боно признава дека „неговиот тим видел многу интересни работи на паркингот низ годините“.  Оваа изјава ја распламти дебатата: на паркингот без филмски бакнеж? Ни во сон!

извор