Бадник, ден пред Божик…денот кога ја чекаме радосната вест за
Христовото раѓање…
Овој празник не потсетува на важноста на заедништвото, љубовта и
споделувањето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилни како
заедница.






Денес ја славиме традицијата, но и нашите семејни и духовни врски што ја
одржуваат жива, искрата на празникот.
Традиционално и годинава во Битола се одржа Бадниковата поворка. Младите
бадникари со своите најблиски од плоштадот „Магнолија“, го исполниот
соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а од таму низ Широк сокак
пеејќи ја песната „Вечниот бог“ до Офицерскиот дом каде се наоѓаше
големата пештара, а беа пречекани и од градоначалникот на Битола, Тони
Коњановски, кој им го честиташе Бадник и Божиќните празници, дарувајќи
ги со Бадникови подароци.
„Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето
самобитие. Општина Битола и годинава покажа дека оваа традиција е блиска
до народот, особено до најмилите и најмладите, кои од мали ги учат
вредностите и тие ќе ги запазуваат и применуваат во иднина“, вели
градоначалникот на Битола.



На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно
изработката на бадниковите ѕвезди, деновиве им се приклучи и
градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила
на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја
претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната
вест.




