Злато и бронза за битолските атлетичарки

Одлични вести за битолската атлетика на стартот на новата сезона. На трката на 5 км, која се одржа на Кавадаречкиот полумаратон, две атлетичарки на АК ОЛИМП се закитија со медали. Злато и бронза за битолските атлетичарки.

Дарија Крстевска го освои 1-то место, додека Антониа Крстевска го освои 3-то место.

АК Олимп на оваа трка, го претставуваа и Искра Адамовиќ, Бојан Ѓеровски, Томе Кирјази и Лука Величковски.

Овој тим на АК ОЛИМП е под водство на тренерот Демир Даутовски, кој најавува дека допрва не очекуваат добри изненадувања од овој тим.