Атлантикот се оладил со рекордна брзина – Научниците се во шок!

Атлантикот се оладил со рекордна брзина - Научниците се во шок!

Атлантикот се оладил со рекордна брзина – Научниците се во шок!

Јуни и јули 2024 година ќе се паметат како месеци кога Атлантскиот Океан во близина на Екваторот претрпе невидена брзина на ладење. Екпертите останаа без зборови. По десетлетието на највисоки температури, ова драматично опаѓање  е голема загатка! Атлантикот се оладил со рекордна брзина.

Атлантикот се оладил со рекордна брзина

Што точно се случува? Брзото ладење на атлантско – океанските води, започна на почетокот на јуни. Ова дојде по најдолгата серија на затоплување на океаните во последните 40 години. Тие области на океанот, обично познати по своите варијации на температури, сега покажуваат неверојатна промена од рекордно ниски температури.

„Температурите на оваа област од Атлантскиот океан се менуваат, но брзината со која температурата падна од рекордно високо до рекордно ниско е навистина без преседан, “ вели Франц Тукен, подстокторанд на Универзитетот во Флорида во Мајам, кој го следел овој настан.

 „Сè уште има многу збунети бидејќи не знаеме што навистина се случува. Можеби тоа е карактеристика што се рзвива од некој процес што не го разбираме,“ додава Мајкл Меекфејден , научник од Националната администрација за океани и атмосфера во САД.

Што значи ова за животот на луѓето?

Атлантикот

-Климатски промени: промената на температурата на Атлантскиот Океан може да доведе до екстремни временски услови кои вклучуваат поплави и суши. Нарушени се и глобалните обрасци на врнежи.

-Морски живот: ладењето на океанот може да ги погоди хабитатите на морските видови. Ова предизвикува миграција или намалување на популациите што влијае на целокупниот морски екосистем.  Секако, ова индиректно влијае на животот на човекот.

-Глобални климатски образци: Ова може да ја наруши динамиката на океанските текови и да влијае на глобалните климатски образци. Ова последното подразбира дека промените во атлантско-океанските текови може да предизвикаат зголемена фреквенција на природни катастрофи и променливи климатски усливи.

-Природни катастрофи: можеби ќе се зголемат ризиците од урагани!

-Глобална економија: промените во климатските образци влијаат на земјоделството и риболовот со последици за економијата.

-Здравствени проблеми: промените во температурата на Атлантскиот Океан можат да влијаат на распространетоста на водни зболувања. Оваа нистерија на  Атлантикот е научна сензација. Таа е и предупредување за нашата способност да се адаптираме на постојано менување на нашата планета.

Оваа мистерија на Атлантикот е научна сензација и едно големо предупредување за нашата способност да се адаптираме на постојано менување на нашата планета. Брзото ладење на океанот ни сугерира на важноста на внимателно следење климатските промени што е клучно за ублажувае на потенцијалните последици . И конечно за заштита на нашата планета за идните генерации.