„Демони“ на Пројковски прогласена за најдобра претстава на сезоната во Унгарија: „Да се работи  Достоевски навистина е голем предизвик“

„Претставата „Демони’ од Фјодор Достоевски  во режија на Дејан Пројковски беше прогласена за најдобра претстава на сезоната откако беше претставена во Националниот театар во Дебрецен , Унгарија. Специјалната награда ја додели директорот на театарот, Mátyássy Szabolcs на свечена церемонија што се одржа на 20 јуни. “

Претставата „Демони “ од Фјодор Достоевски и во режија на Дејан Пројковски  беше поставена на крајот на април во Националниот татар во Дебрецен, Унгарија. Истата наиде на позитивни критики кај стручната јавност и кај публиката. Покрај режијата на Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски, а музиката на Горан Трајковски.

Демони на Пројковски

Во март, Пројковски ја доби наградата за режија на 9 Интернационален тетарски фестивал во Истанбул. Во Турција, доделена од престижното списание „Тијатро“. Пројковски е еден од најзначајните режисери на денешницата. Познат е и по својата претстава „Ана Карењина“ која освои над 40 награди. Имено „Ана Карењина“ е прогласена за најпознатата во историјата на Новосадскиот театар.

„Навистина ми е драго што „Демони„ ја доби оваа престижна награда. Да се работи  Достоевски навистина е голем предизвик, а уште поголем предизвик и чест е да се  соработува со прекрасниот ансамбл на театарот во Дебрецен. Поминавме креативен  процес, отворивме многу дилеми, нурнавме во тајните на човечката душа. Беше како  една патување низ срцето и душата“, изјави Дејан Пројковски за nezavisen.mk

Во ноември, минатата година, Пројковски го постави „Скупљачи перја“ во Српското Народно Позориште во Нови Сад, а последнита премиера во Македонија му беше „Падот на Масада“ во Драмски театар.