Одбројување до Битола: Armin Van Buuren испрати видео покана до македонската публика

Armin Van Buuren доаѓа во Битола на 3 август

Еден од највлијателните светски диџеи и продуценти, Armin Van Buuren, ќе настапи во Битола на 3 август (недела), на стадионот „Петар Милошевски“. Настанот е дел од неговата летна турнеја и претставува едно од најголемите музички случувања во Македонија годинава.

Минатиот викенд, Van Buuren имаше заеднички сет со David Guetta во Ибица, како и настап на главната бина на фестивалот Tomorrowland. По двата меѓународни настапи, тој ќе се појави пред македонската публика во Битола со специјален сет.

Влезниците се достапни преку онлајн продажбата на avalonbooking.mk, како и на повеќе физички продажни места низ државата: Димпо тобака, Јагода, Кај Аждер и Ариес Травел.

Настанот е закажан за недела, 3 август, на отворено, со почеток во вечерните часови.

Погледнете гго видеото ТУКА!

[post_tags]