Па кој вели дека книгата не одговара и во лето? Агендата за викендот што следи: Безалкохолно коктелче, убава книга во раце од „Book’s House“ и секако удобниот стол или фотелја на вашата тераса, балкон или двор. Имено ви ја препорачуваме Anatomy of a Scandal или „Анатомија на скандалот“ од Сара Вон.
Нешто околу приказната:
Софи Вајтхаус има сè што некогаш посакувала: прекрасен дом, две деца и привлечен, успешен маж. Но, нејзиниот идеален живот се руши кога Џејмс, нејзиниот сопруг, доаѓа дома и го признава неверството.
Светот на Софи се превртува наопаку. Дали навистина го познава човекот за кој се омажи? Признанието на Џејмс е само врвот на ледената санта. Обвинет е за ужасен злочин – силување на неговата соработничка. Но, вистината е уште пострашна отколку што можете да замислите во „Анатомија на скандалот“.
Дали Џејмс е виновен или е само невина жртва на злобен план! Во оваа напнато и возбудливо сценарио за љубовта, одмаздата и лагата, никој не би можел да има чисти мотиви, ама тајните на некои луѓе се толку многу мрачни опасни за кои не постои ниту претпоставка. Преку сплет на судски драми и лични исповеди, Сара Вон вешто ги истражува границите на вистината и правдата. Ја открива сложеноста на човечката природа и темните сенки кои се кријат под површината на совршениот живот.
Внимателно изградена, со лидерска напрегнатост и неочекувани завршетоци, приказната разоткрива емоции и интриги. И додека читаме, се прашуваме: „Дали вистината може да се открие пред крајот?“
Анатомија на скандалот и не е сè, така како што изгледа.