„Дури откако ќе се осудите да одите предалеку, ќе откриете до каде можете да стигнете.“
„Само едно е важно“ е книгата која би ви ја препорачале доколку сакате да ја окриете едноставната тајна со врвни резутрати. Прашањето околу тоа каде одите и дали сакате да стигнете предалеку, е релевантно доколку сакате да постигнете нешто во овој живот. Имено станува збор за бестселер од 2018, а авторите се именуваат како врвни лидери во светската итература: Гари Келер и Џеј Папасан.
Кон што целат авторите?
Авторите го илустрираат концептот на „едноставна важност“ со вклучување на практични примери . Книгата се фокусира на идејата на постојана насоченост кон целта. Пронајдете цел за која ќе живеете, приоритети кои ќе ве водат и движете се кон плодотворност.
„До врвни резултати се стигнува така што се поставува прашањето за самофокусирање. Ќе го користите за да го одредите курсот во својот живот и кариера и да остварите најголем напредок во својата најважна работа.“ Зошто? За да ве запомнат, да оставите белег, да не дозволите да живеете залудно.
„Во оваа книга меѓу другото ќе прочитате за ШЕСТТЕ ЛАГИ КОИ ВЕ СПРЕЧУВААТ ДА УСПЕЕТЕ:
1. Сè е подеднакво важно
2. Мултитаскинг
3. Дисциплиниран живот
4. Цврста волја по слободна волја
5. Достигнување животна рамнотежа
6. Страв од големото.“ – се вели во цитатот на краткиот опис.
„Дури откако ќе се осудите да одите предалеку, ќе откриете до каде можете да стигнете.“-Елиот