„Има многу причини за развод, но главна причина е венчавката“ – Афоризми
Афоризми се кратки, сугестивни изреки или изјави кои често содржат длабока мудрост, хумор или изненадувачка вистина. Афоризмите често се користат во литературата, филозофијата и секојдневниот говор како начин да се искажат длабоки концепти или идеи. Често се формулираат за да ги сумираат сложените идеи или емоции во само неколку зборови. Потеклото на зборот „афоризам“ доаѓа од грчкиот збор „афоризам“, што значи „дефиниција“ или „изјава“.
Еве еден од најпознатите афоризми, кој доаѓа од познатиот француски писател и филозоф Волтер:
„Ако сакате да знаете кој владее со вас, откријте кого не смеете да критикувате“. Овој афоризам укажува на важноста на слободата на изразување и критиката на власта, а во исто време ја нагласува моќта на оние кои се чувствуваат загрозени кога ќе се соочат со критики.
Во продолжение на концептот „афоризам“, прелистајте ги македонските афоризми , кој од кој побогат со мудрости за само нашата вистина:
„Има многу причини за развод, но главна причина е венчавката“.
„Некој друг ќе мора да ја плати сметката. Јас овој живот не сум го нарачал!“
„Кога изборите би можеле нешто да променат, би ги укинале!“
„Подобро сто години богат, еден ден сиромашен“.
„Подобро е зад вас да стават повеќе нули отколку да ве множат само со една од нив!“
„Доколку секој што е добар и се однесува нормално го сметаме за светец, тогаш ќе забележиме дека драстично се намалува бројот на светците на земјата!“
„Работата го создала човекот, а тој ги создал правилата за одмор!“
„Кој последен се смее – најбавно размислува!“
„Дека парите се отепувачка најдобар доказ се тепачките при нивното подигнување од банка!“
„Како што Земјата се врти околу Сонцето, така земјаните се вртат околу парите!“
„Квалитетот на швајцарското сирење преку неговите дупки сѐ уште не може да се мери со неквалитетот на некои наши закони.“
„И по големината на цвеќето подарено на жената може да се видат грешките на мажот!“
„Немаше каде да си ја кова среќата откако му ги зедоа чеканот и наковалната!“
„На современиот човек Ахиловата петица му е во џебот!
„Тој беше човек од збор, бидејќи беше писател!“
„Таму каде што се сите глупави, паметен е само оној што се преправа дека е глуп.“
„Кој нема во главата има во нозете. На некои жени, тоа им е сосема доволно.“
„Каменот што еден будала ќе го фрли во еден бунар, не може да го извадат 100 паметни.“
„Подобро да испаднеш будала, само од авион.“
„Додека не ја сретнете вистинската, уживајте во погрешните.“
„Интересно, секој ден се повеќе и повеќе тонеме, а немаме море!“
„Кога ќе се сретнат женет и неженет човек, тие секогаш си завидуваат еден на друг.“
„Ако работата е толку добра, зошто тогаш треба да платите за да работите?“
„Ако си пробал да не успееш и да успееш, што од овие две си го направил?“
„Една добра работа кај егоистите е што не зборуваат за други луѓе.“-никогаш не ја потценувате моќта на глупите луѓе во големи групи.“