„Почитувајте ги сите луѓе и никому не поклонувајте се“-Цитати на Индијанците

indijancite индијанците

Големата мудрост на индијанците значи многу и во современото општество!

Домородните Американци се народи кои живееле на американскиот континент пред доаѓањето на европските доселеници. Овие различни народи и култури ги населувале областите што ја сочинуваат денешната Северна, Централна и Јужна Америка илјадници години пред да пристигнат европските доселеници на континентот. По нивното доаѓање во 15от и 16от век, Индијанците (термин кој често се користи за домородни американци), се соочиле со драматични промени во нивните животи. Оттука и искуственото доживување ја збогатило и онака големата мудрост на Индијанците кои живееле во склад со природата и нејзините закони.

indijancite
индијанците

Големата духовност што ја поседувале Индијанците е пресликана во мудрите изреки, цитати од нивните поглавари:

1. „Подобро е да имате помалку громови во устата, а повеќе молњи во рацете!“

2. „Не фрлајте ги сите дрва во еден оган!“

3.„Кога човекот се оддалечува од природата, неговото срце станува тешко!“

4.„Тишината е основата на карактерот!“

5. „Љубовта кон конкуренцијата е слабост што треба да ја надминете!“

6. „Почитувајте ги сите луѓе и никому не поклонувајте се!“

Денес има бројни народи во Северна и Јужна Америка кои се обидуваат да ја зачуваат својата култура, јазик и традиции. Многу домородни Американци учествуваат во современото општество и придонесуваат за различни аспекти на американскиот и светскиот живот.

Извор