„Утрото ќе промени се“ – Александра Јанева објави нова песна

aleksandra janeva nova pesna

Со уникатен женски вокал, Александра Јанева веќе подолго време е позната на македонската музичка сцена. Талентираната пејачка промовира ново музичо парче со наслов „Утрото ќе промени се“. Јанева е автентична и умешно влијае на прогресот и трансформацијата на поп културата во нашите простори.

Оваа песна беше затворена во фиока повеќе од една година, го чекавме вистинскиот момент за да ја објавиме и еве конечно дојде. Секој стих од мојата музика е вистинска приказна. „Утрото ќе промени се“ зборува за тоа дека понекогаш е подобро да кажете не и да кажете доста е, затоа што тоа е половина здравје. Ми требаше многу време и храброст да научам да кажам не и да се борам за она што е добро за мене. Затоа што кога ќе го научите тоа, ќе ви биде многу полесно во животот. Барем мене ми е. – вели Александра.

Зад текстот на песната, се потпишуваат Драган Величковиќ – Тајзи и Лазар Цветкоски, музиката е на Александра и Лазе, а видео записот е дело на Горан Симјаноски.

Во продолжение слушнете ја „Утрото ќе промени се“ и уживајте во новото музичко видео.