Модниот свет не полудува, ама Белeнсијага руши бариери. Секогаш по свое, со екстремна екстравагантност, докажува што значи звучно име. И навистина, што и да направи функционира!
…Едно време имаше црни торби за отпадоци налик на чанти. Нешто пред тоа продаваше „испуфкани“ џемпери кои изгледаа стари, но Белeнсијага ги продаваше за милионски суми. И замислете, се продаваа „како алва“.
Овој пат, Белeнсијага лансира здолништа креирани од материјалот кој е својствен за крпите.
Ова е нова колекција за пролет 2024, а цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра). Имено истите веќе се во продажба и може да се нарачаат преку нивната веб-страница.
Откако модната куќа ја лансира оваа креација, коментарите на социјалните мрежи не престанаа, а некои компании кои продаваат крпи, дури се пошегуваа дека тие всушност продаваат здолништа. Само по ниска цена.
Оттука, според нас, доколку нема што да облечете, ставете крпа (пацета по наше) околу половината и фалете се дека на себе носите Баленсијага.
За крај, по милионити пат, како и сите би заклучиле: „Модниот свет не полудува, ама Белeнсијага руши бариери. Секогаш по свое, со екстремна екстравагантност, докажува што значи звучно име. И навистина, што и да направи функционира!“ Така што, ако имате енкоја бизнис луда идеја, не почнувајте веднаш со продажба, најпрво станете бренд и звучно име, а потоа што и да направите, веројатно ќе биде успешно и ќе растете…Но, веројатно никогаш нема да бидете Баленсијага!