Оваа приказна зборува за една жена по име Ла Бефана. Оваа старица го заменува Дедо Мраз. Се спушта по оџаците и остава новогодишни подароци за децата
Дали некогаш сте се запрашале зошто се ставаат оние топли, црвени и големи чорапи до елката и на влезната врата од домовите пред Божиќните празници? Што носи Ла Бефана – Новогодишни подароци, задоволства или карбонски бомбони за непослушни деца?
Приказната доаѓа од Италија на 6от ден од ѕвездениот јануар дури од 13от век, на Богојавление. Тогаш се случила магијата која се раширила низ светот и се уште трае. И добро е што трае.
Исчекувањето генерирано од доаѓањето на старицата La Bafana на 6 ти јануари е специјален ден за децата од Италија
Според легендата, Бефана била во својата трошна куќичка и го метела подот кога погледнала низ прозорецот и видела силна светлина на ноќното небо. За момент, застанала за да го види тоа, но потоа се вратила на својата работа. Набргу по појавувањето на ѕвездата, ја посетиле Тројцата мудреци.
Имено, тие залутале далеку од својот пат кон скромната штала во Витлеем и побарале насоки од старицата Бефана кон бараното место. Рекле дека ја следат ѕвездата по совет на кралските астролози и дека имаат намера да донесат подароци за да му оддадат почит на бебето Исус.
Старицата Бефана ја одбила нивната покана да им се придружи на патувањето бидејќи не сакала да ја остави својата работа недовршена. Што и да кажала, таа сепак им обезбедила на мудреците засолниште за да ја поминат ноќта… Откако тргнале на пат следниот ден, Бафена го променила мислењето. Таа трчала по нив со својата метла и нејзината корпа со мали подароци, но не успеала да ја стигне нивната придружба.
Италијанците велат дека Бефана сè уште го бара тоа бебе. Во потрагата, остава задоволства како што се играчки и бонбони или овошје за добро воспитаните деца. Непослушните деца добиваат парчиња карбонски бомбони, кромид и лук, па дури и сламка од нејзината метла.
Фантастично! Од легенда до воспитна мерка низ вековите!
Додека Бефана влегува во куќите преку оџакот таа носи темен шал прекриен со слоеви саѓи од оџакот. Се вели дека таа го бришела подот од домот пред да замине Ова е симболичен гест за расчистување на старото за да донесе нова магија во домот.
И што би бил светот без магија? Само безлично и сувопарно повторување на деновите од седмицата во секоја наредна година. Сите денови како „јајце на јајце“. Рутинско сивило. И ако не беа „и Дедо Мраз И баба Мразица и елката и чорапите“, како ќе знаевме да се радуваме? Добро е што постојат. МАГИЈАТА НЕКА ТРАЕ. И сѐ додека веруваме, се радуваме.
Погледнете го видеото во продолжение и откријте како американските туристи реагираат на т.н. божиќна вештерка.