Изгледа „нестварно“: Импозантна недвижност, куќа со неверојатен поглед
Звучи како фантазија. Изгледа „нестварно.“ Впечатливата куќа Биг Сур, Калифорнија, инспирирана од будистичкиот храм Паро Такцанг, наречен „Тигрово гнездо“. Сместена е на карпа и има мистичен поглед на Тихиот Океан. Истата се појави на пазарот за 25 милиони долари.
Ова драматична структура е поставена на 9,5 хектари. Изградена од стакло, челик, дрво и камен, нуди длабоки и спектакуларни погледи на вода, според Coldwell Banker Realty. Океанските бранови се кршат веднаш под некои од прозорците на домот.
Куќата од 3.635 квадратни метри е изградена од четири аголни, двокатни бетонски столбови кои се издигнуваат од ултра дебел бетонски под, давајќи и изглед на „скулптура која е геотехничко чудо“, се вели во огласот.
Во внатрешноста, дневната соба е центрирана околу камениот камин со двојна висина. Собата има и прозорци од подот до таванот. Второто ниво има и кујна и трпезарија.
Домот последен пат бил реновиран во 1997 година од архитектот Мики Муениг од Биг Сур, кој додал крило за основната спална соба. Има и слатководен поток што тече под куќата на јужната страна, како и соседниот кањон од црвено дрво. Последен пат се тргувал во 2002 година, но Mansion Global не успеал да ја одреди продажната цена. Сопственикот не бил достапен за коментар.