Бранч на балкански начин! Луда куќа втора епизода. Најновото видео на Марјан Георгиевски
Бранч на балкански начин е името на најновото видео на Марјан Георгиевски. Сатиричниот пристап можда малку ќе не погоди. Ваљда многумина ќе се пронајдат во екипата ,,лудо балканско семејство”. Али баш тоа е целта. До толку сме збркани, да не речиме почудени. Дишиме или поддишнуваме во тотален хаос и секој со табиетО.
Балканизам на хајлевел.
На инста инфлуенсеркава се фали оти имала бранч, ако по дома никој не е запознат со терминО. Дедото си крцори со чоканче, бабата во свој филм… Онака колку да прат гужва. (Да не се лажиме баш така се сфаќаат пензионерите на овие простори.)
И најјакото е шо филмо го вози мајката, како да небаре сé е топ е во куќата. Напрајла та кифлиња и сé се нареди. А зад ,,камерата” попара. Мажот му ги арчи парите по меани, ќерка му (да не речиме секташ), другава со фоловерсите бери лајкој оти тА „ја сфаќа“ поентата и трендојте. Сите се хаотични, како да живеат, а уствари живуркаат. Од кревет на кауч, па на софра и тако даље. Од толку многу информации младите ојдоја по петлите со умот.
Али… Ко шо вели дедето (еден од фантастичните ликови во и ова видео на Марјан Георгиевски) :
,,За сé се криви американците! “
Имено ова видео завршва со песна. Се враќа филмо назад од времето ко се пресилеле овде. Како сите пропатиле, шо не претрпиле за купвање на пусти стан. И ова е јакио момент шо можда најпојќе не опишва како народ. Летс фејс ит, уште живејме во заедници. Топтан. За повесело да е. Генерацискиот јаз е баш тој никулец за создавање на совршена комедија инспирирана од едноставноста и секојдневието. За некој комплицирано, али ние на Балканот, не знајме инаку.
Иначе малце од зад камерата, Марјан Горгиевски ни шепна:,, Се скапав преслеквање по дома за да ги напрам ликојте.”
Богами не е лесно да си ти екипата на оваа луда куќа. Да не должиме многу, уживајте подолу во видеото.