Како да добиете на лото? – Кога овој човек победил 7 пати, зошто да не и вие?

Како Ричард Лустиг од Орландо ја победи лотаријата? Овој човек советува како да добиете на лото

Ричард Лустиг од Орландо, Флорида, САД е човекот кој е познат по фасцинантните добивки во седум различни игри на лотарија, од кои  вкупниот број надмина еден милион долари. Ричард споделува совети и трикови за тоа како да се зголемат шансите на лотарија и како да добиете на лото.

Имено, тој вели да ги изберете вашите броеви и да се држите до истите комбинации секој пат. Напоменува дека броевите на лотаријата  се избираат сосема случајно. Подвлекува дека  не постои научен доказ за некоја комбинација да ги зголеми вашите шанси за добивка.

Другиот совет се однесува на следење на вашите трошоци и поставување, некаква сметка. Тоа треба да го сторите затоа што нема смисла да освоите 10 000 долари ако претходно сте потрошиле 20 000 долари на билети.

Третиот совет на Ричард е да играте почесто, што ги зголемува вашите шанси да освоите награда. Сепак, важно е да се запомни дека лотаријата секогаш има елемент на случајност и не постои апсолутна гаранција за добивка.