„Визијата на Бабец театар е создавање на современ театар за деца кој ќе претставува уметничка, а не образовна институција. Театар што ги развива децата преку уметност.“
Вака е запишано во нашето недамнешно интервју со креаторите на Бабец Театар, Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски директор на ИДТФ Битолино. Би го споменале и нивното достигнување со ИДТФ и развојот на нивната приказна.
-Интернационалниот детски театарски фестивал БИТОЛИНО претставува ренесанса за детскиот театар во Македонија воопшто. Со создавањето на овој фестивал, Бабец театар ја разбранува театарската јавност. Создаде нешто за кое што многу генерации театарски дејци претходно мечтаеле да го направат. Фестивал кој поради својот квалитет и беспрекорна организација за само 5 месеци успеа да се најде на мапата на светски фестивали на Светската организација за детски театри АСИТЕЖ. – ќе речат од тетарот.
Имено она што е ново и ќе ја заинтересира публиката е известувањето на Бабец дека БРЕМЕНСКИТЕ МУЗИКАНТИ се дел од официјалната програма на 2то издание на ИФДТ “Игор Маџиров” во Скопје.
„Не пропуштајте на 28 септември во 17-часот на сцената на НУ Театар за деца и младинци.
Наскоро се гледаме и во Битола!“ – стои во нивниот пост.
Имено детската претстава „БРЕМЕНСКИТЕ МУЗИКАНТИ“ е работена според истоимената бајка на Браќата Грим во режија на Васко МАВРОВСКИ. Во претставата учествуваат: Јулијана МИРЧЕВСКА, Катерина АНЕВСКА Дранговска, Петар СПИРОВСКИ, Никола ПРОЈЧЕВСКИ и Живко БОРИСОВСКИ.
Ние би рекле дека таа е возбудлива приказна на Браќата Грим. А според безвременската репутација на авторите, ова е магична бајка. Но, уште помагично е што материјалот е во рацете на виртузоите на Бабец театар.