Некако веднаш кога завршуваат убавите топли денови и кога полека се збогуваме со летото, се фокусираме кон потемни бои. Можеби влијание има жешкото сонце кое поека останува во уште една историја. Но, според нас тоа е само есенска поспаност која низ годините ни станала навика. Но, зошто да паѓаме во тоа сивило, кога можеме и во најдождливите денови да носиме светли бои. Колоритниот аутфит знае да расположи, па затоа во продолжение погледнете ги овие палта кои ќе ве инспирираат за уште една стилска есен.