Уште една награда за Милчо Манчевски, овој пат во Италија
Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, се закити со уште една награда. Имено, викендов Манчевски доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија, Италија.
Тој е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус, од „Пред дождот“,„Прашина“, „Бикини Мун“ „Врба“„Сенки“, „Мајки“. А тука е и „Кајмак“, најновото филмско остварување на Манчевски што навистина ја воодушеви публиката. Опусот се однесува и на кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“. Меѓу другото еминентното име од македонската филмска уметност, режисерот Милчо, одржа и мастерклас.
Фестивалот објави и соопштение во кое изразува целосна поддршка. Поддршка и солидарност со Манчевски, осудувајќи го политичкиот прогон на кој е тој изложен од македонските власти затоа што пријавил корупција.
„Ме изненади наградата и ме потсети на зборовите на тогашниот директор на Венецискиот фестивал, Џило Понтекорво, кога ми ја врачуваше десеттата награда во иста вечер во Венеција: „Баста, сињор Манчевски“. Ја посветувам наградава на сите оние кои вредно работат на филмовите, без никој да знае за нив: истражувачи, публицисти, правници, дистрибутери…“, изјави Манчевски.
Имено и актерката Клаудија Кардинале и режисерот Франко Зефирели, чествуваа на фестивалот. Истиот е во Калабрија кој во Националниот парк Полино. Меѓу гостите, се најдоа и оскаровците Пол Хагис и Куба Гудинг Јуниор и италијанските ѕвезди Франко Неро и Марија Грација Кучинота.
Инаку, на 23 септември маестралното филмско псоледно остварување на Манчевски, филмот „Кајмак“, го отвора фестивалот во Тирана, Албанија. Ден пак пред тоа, Манчевски ќе има официјална средба со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.
Следат фестивалите Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, БиХ. „Кајмак“ вреди да се погледне. Затоа неговата филмска животна приказна продолжува да трае и ќе биде во чекор со фестивалите и во текот на есента.
„Кајмак“ на самиот почеток на септември, ја освои наградата за „Најдобар филм“ на фестивалот Синеквест во Калифорнија, САД. Токму таму, филмот ја доживеа својата американската премиера. Три дена пак, претходно се закити и со специјално признание на жирито ФЕДЕОРА. (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) на фестивалот во Херцег Нови, Црна Гора.
За „Кајмак“ слушнаа и во Австралија, каде наскоро ќе почне прикажувањето.
-„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот, продаден е за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска… Понатамошниот процес на пласман е во тек. – се вели во цитатот од известување за филмот.