МИНИМАЛИСТ
Жените кои носат мала чанта се мајстори на организацијата. Кај нив и во чантата и во животот е тип – топ – сѐ на свое место. Во нивната чанта се наоѓа паричник, мобилен телефон и наочари за сонце. Предметите кои немаат функција, нема да ги најдете во оваа чанта.
КРЕАТИВЕЦ
Оваа чанта најдобро би ја опишал изразот „дупка без дно“ и им припаѓа на жените кои се креативни затоа што „никогаш не се знае што ќе потреба во моментот на инспирација“, каде и да се. Вообичаено и бојата доаѓа од напливот на имагинација или поинаку, во зависност од расположението додека се прави избор при купувањето.
S.O.S. ХЕРОИНА
Оваа жена знае дека животот е преполн со изненадувања и може да затребаат и четка за заби и украси за коса и термос за кафе и накит и полнач за мобилен и што ли уште не!
ГРИЖЛИВА ДУША
Ако ви затреба фластер или таблетка против болки или можеби сакате нешто да прочитате, (се наоѓате на автобуска постојка на пример и автобусот доцни) и ако до вас седи оваа грижлива душа, тогаш „не берете гајле.“ Што и да ви затреба, ќе добиете.
Да генерализираме и дообјасниме: жените што носат мали чанти се задоволни со мали нешта и ним им треба само искрен пријател и квалитетна врска. Жените што носат чанта со средна големина, го сакаат и го имаат чувството на комфор, отворени се за нови искуства. Големите чанти пак, им припаѓаат на жените кои се љубопитни и постојано се надградуваат во едукативна смисла на зборот.