Премногу му удоволуваат, ги споредуваат со други деца! – Каде грешат родителите?

родителите

Психолозите објаснуваат дека одредени работи можат да го поттикнат развојот на интелегенцијата кај детето. Некои други одредени работни практикувања можат да направат саботажа! Каде грешат родителите?

Ако му удоволувате на детето во секоја прилика и го исполнувате секое негово барање, тоа се смета за ваш неуспех. Причината е што вашето дете ќе го преобразите во неодговорно и непослушно. Така, тоа секогаш ќе бара некој друг да ги решава неговите проблеми. Тоа би претпоставувало дека детето во иднина нема да преземе одговорност за своите постапки. Родителите треба да знаат дека тоа е исклучително опасно за неговата иднина. Вие несвесно му правите емоционална штета со преголемата грижа, правите застој во неговиот ментален развој.

родителите го успоруваат развојот на интелегенцијата кај децата со тоа што премногу му удовоуваат

Друга грешка што ја прави родителот, секако ненамерно, е споредувањето со други деца и тоа „пред очите и ушите“ на своето дете.

Тогаш детето чувствува дека не е доволно добро за да биде сакано. Кај него се јавува чувство на  љубомора која подоцна во тинејџерските години преминува во она што се нарекува „конфликтна личност“ и ги критикува сите оние кои работат подобро од него.. Тоа може да предизвика и агресија и асоцијално поведение, пренесува Indeks.hr.

Апелот до родителите е да внимаваат, по брза постапка да ги корегираат своите грешки за потоа да не се случи она што популарно се нарекува  „закаснета  реакција.“ Реагирајте благовремено.

извор