Уште ова ни фалеше:2024 година, ќе биде најтоплата – Се стравува од глобално затоплување

2024 најтопла

Ако не е политиката, тогаш е времето, нo дали е ова навистина причина посериозно да го сфатиме проблемот со климатските промени? Имено, научниците предупредуваат дека 2024 веројатно ќе биде најтоплата година. Епа ако мислевте дека ова лето беше тешко, изгледа не знаете што е жешко! Еве што пренесуваат медиумите ширум светот.

Популарниот климатски феномен „Ел Нињо“ се карактеризира со затоплување на површинските води на Тихиот Океан во близина на екваторот. Овој феномен има големо влијание врз климата и времето ширум светот, предизвикувајќи екстремни услови во различни региони.

2024 ќе биде најтопла година

Американските научници, неодамна потврдија дека виновник за затоплувањето на целата планета е Ел Нињо кој започнал „агресивно“  во Тихиот Океан.

 „2024 година, веројатно ќе биде најтоплата“.  Шефот на долгорочното прогнозирање на Обединетото Кралство, Адам Скајф, ќе подвлече: „Ел Нињо сега се интензивира и се чини дека ќе го достигне својот врв подоцна, оваа година.“ „2024 година, веројатно ќе биде најтоплата; се стравува дека ова може да доведе до намалување на клучната пресвртница за глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови“-објавува Би-Би-Си.

Ова би имплицирало суши во Австралија, многу дожд во јужниот дел на САД, промени во морските екосистеми, вклучително и зголемена активност ма коралните гребени, деградација на рибните ресурси.