Едноставен трик за секогаш вкусни пилешки крилца
Пилешките крилца за многумина се омилениот ручек, а за најголемите гурмани кои не можат да се заситат, тие се и највкусното предјадење или мезе. Но, како до највкусни пилешки крилца? Доколку веќе сте ставиле кептар и сте се подготвиле за креирање на уште една хедонистичка приказна, пробајте со трикот во продолжение.
Она што треба да направите, доколку ги направите сами, е да ги премачкате со кисело млеко, мајонез и зачини пред печење.
Состојки:
шест парчиња пилешки крилца
240 грама кисело млеко
70 грама мајонез
60 грама пармезан
лажица лук во прав
лажица слатка пиперка во прав
половина лажичка кромид право
половина лажичка кајен пипер
растително масло за печење
сол и плус зачини по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Зачинете ги двете страни на пилешкото. Во сад измешајте ги павлаката, мајонезот, пармезанот и сите зачини.
Ставете ги крилцата во тавче и рамномерно прелијте ги со добиената смеса од млеко, мајонез и зачини. Сето тоа печете го околу половина час.
А потоа? Потоа уживајте во аплаузот и задоволните насмевки на оние кои сте ги поканиле на вашата трпеза.