Епитети, воодушевувања, задоволства од планетарен размер се упатуваат до Бурак Јетер. Јетер е турски продуцент, диџеј и автор на најголемите светски хитови со речиси милијарда стримови на Ју Тјуб. Мега ѕвездата Бурак, со неповторливата енергија и музички квалитет, на 7ми септември одново ќе ги освои сите „возможни и невозможни бодови“ од фановите. Пристигнува во преубавата и енергична Струмица, на ЕГЗИТ фестивалот.
Многумина велат: „ енергијата што ја носиш во себе е еквивалент на се она околу тебе.“ Струмица како град е „унија од множества на живото-радосни домаќинства“ и како таква, привлекува гости кои зрачат во истиот размер на сооднос.
За Бурак, Малта беше таа прва, која му ја возврати енергијата по насатапот на Dance Floor Chart забавата. Потоа, ја градеше кариерата за во 2016 да се посвети на New world-проектот. Истиот донесе свежина на денс-музичката сцена. Со песната „Happy“ пребрзо ги искачуваше скалилата на успехот за да дојде во соработка со Данел Сандовал и го објави синглот Tuesday-хит во тоа лето. Бурак влезе во листата на најпроверувани песни на „Шазам“ во 2017 во музичкиот универзум.
Гигантскиот голем хит на Бурак -„My life is going on“ е на листата на 100 најдобри диџеи во светот-Диџеј-Маг.
Последните години, Бурак работи во своето студио во Амстердам и со врвниот музички квалитет ги освојува фестивалите и клубовите. Струмичкиот GET EXITed ја визуелизира атмосферата што ќе се случува на 7ми септември. Аплаудот веќе почнува да го шири својот звук во знак на восхит за Бурак Јетер кој од иженер специјализиран за автопати, имплицира статус на врвен музичар.
Никогаш не се знае! „Дали ќе градиш автопати или можеби ќе возиш по нив со 300 километри на час?!“
Во продолжение ве оставаме да уживате во прекрасната музика на Бурак.
Пишува: Р.М.