Како да се справите со чувството на гнев?

гнев

Терапевтите објаснуваат дека кога ги задржуваме чувствата на гнев во себе, ја зголемуваме веројатноста на вознемиреност која порано или подоцна ќе „експлодира“.

Овој поинаков пристап кон лутината и чувството на гнев како особина може да го направи тоа познато „од ништо нешто“. Сето ова малку не замисли, но што е тоа е. Така велат терапевтите според најновите испитувања.

Имено брачниот и семеен терапевт од Калифорнија, Дани Маруфо. Дани советува:

„Гневот е всушност корисна емоција. Корисна, затоа што не предупредува дека нешто не е во ред и дека треба нешто да се направи. А тоа „нешто“ е да си дозволите да бидете лути и да си го признаете тоа пред себеси. Викајте, ако е потребно или направете го она што чувствувате дека треба да го направите во дадениот момент. Одговорете на појавената емоција со искрена реакција и покрај тоа што е непријатна. Така е како што е во дадениот момент и ќе помине. Вие само ослободете го негативното чувство од вас. Исфрлете го.“ Со други зборови, „дадете си простор за лутење“.-додава психологот Таиша Колдвел-Харви.

Сепак, пробајте со т.н. „тајм аут“ за возрасни

чувството гнев и како да го контролирате

Мек Креј Керол, исто така терапевт од Јужна Каролина, на овие совети сепак се надоврзува, но во поинаков контекст. Според неа, сепак треба да знаете како да го контролирате сето тоа за да не би настанал хаос и да не би ескалирала ситуацијата. Керол советува потоа, да одвоите 20 или 30 минути за да прошетате или неколку пати да вдишете и издишите пред да се вклучите во потенцијално напнат разговор, пренесува порталот vecernji.hr.

Според нас пак, како терапевти (или далеку од тоа), лутината е особина која секако не можеме да ја избегнеме. Понекогаш недостига таа толеранција која е потребна за да се стиши револтот, неправдата кои се искажуваат на сиот гас. Веројатно е јасно дека контролата е една многу убава особина, но не секој ја поседува и умее да ја заузда. Затоа, би се одлучиле на тој „тајм аут“ и една прошетка на поле широко каде би дишеле длабоко, не би ни пречела.