„Разбуди се“ и во овој августовски ден е одамна буден. Не се обидува, туку го дава својот максимум да се поврзе со вас преку интернет универзумот за да и овој текстуален пакет на сознание, дојде до вистинското одредиште.
Содржина на темата „Можеме да го победиме стравот само ако го погледнеме право во очи“ ја пронајдовме со потпис на авторот Милица Капан – новинар на РТЦГ- Радио Телевизија Црна Гора. Капан, ги пронајде одговорите во врска со темата, кај Жана Батуран-животен тренер за духовен раст.
Еве што издвоивме во парафразата на зборот на Жана Батуран која советува како да се соочите со стравот:
„Да ги отстраниме програмите од потсвеста, односно верувањата со кои функционираме кои се длабоко вкоренети во нас. Токму тие, од таму ги контролираат сите аспекти на „нашиот живот“. Да се поврземе со себеси и да ја пронајдеме сопствената суштина.
Важно е да се најде мир и хармонија!
Ние треба да создадеме свои правила. Не да дејствуваме по некоја туѓа програма со која сме се сплотиле и мислиме дека е наша. Тоа е илузија и го добива името „страв“. Патот на нашата суштина минува низ „уништувањето на илузијата“ ( пренагласената приврзаност кон блиските личности, кон потврдата од другите, кон сликата што ја испраќаме однадвор). Фокусот треба да се врати „од надвор кон внатре“ за да дојдеме до изворот на стравот. Тоа значи да се справиме со детето во нас, делот од нас на кој му треба поддршка и љубов од сопствениот извор. Да идентификуваме каде е сокриен стравот, во кој дел од телото. Одговорот ќе ни ја даде болката што ја чувствуваме затоа што секој заболен орган е одговор на „стравот“. Тоа би значело да се деблокира енергетската точка каде што има страв и токму така истиот се надминува.
Како се прави тоа?
„Го гледаме стравот право во очи, се соочуваме со него и му даваме до знаење дека е од минлив карактер!“
Батуран ќе подвлече: „Да ги поставиме вибрациите на нови основи за да добиеме животна енергија како најскапа валута во светот.“