Џем од смокви – Храната се ужива со сите сетила

џем од смокви

Во храната се ужива со сите сетила. Особено десертот има моќ да ве разнежни, да ве заведи и секако….да ве натера за уште и уште…

Во продолжение прочитајте го овој фантастичен и едноставен рецепт за вкусен џем од смокви. Гастрономско слатко задоволство како убава подготовка за есенските денови.

СОСТОЈКИ за највкусниот џем од смокви:

1 кг смокви (измиени и одвоени стебла,

500 гр шеќер (количината на шеќер може да се прилагоди по ваш вкус и сладост на смоквите),

1 лимон (сок и рендана кора)

ПОДГОТОВКА:

Смоквите подгответе ги така што ќе ги измиете, ќе ги извадите стеблата и ќе ги исечете на помали парчиња. Ако смоквите имаат тврда кора, можете нежно да ги излупите со нож пред да ги исечете.

Во поголем сад ставете ги исецканите смокви, посипете ги со шеќер и убаво измешајте. Оставете ги смоквите да отстојат во шеќерот најмалку 1 час, за да го испуштат сокот и да омекнат.

Откако ќе отстојат, во садот со смокви додадете го сокот и ренданата кора од лимон. Лимонот ќе му помогне на џемот да добие посебна арома и освежителен вкус.

Ставете го садот со смокви на шпорет и загрејте го на средна температура. Смоквите повремено мешајте ги за рамномерно да се распореди топлината и да не се залепи џемот на дното на тавата.

Смоквите се варат додека не се згуснат и омекнат, а течноста не се намали. Ова обично ќе потрае околу 30-40 минути.

Кога џемот ќе ја достигне саканата структура, тргнете го од оган и оставете малку да се излади.
Топлиот џем од смокви истурете го во стерилизирани тегли и цврсто затворете ги.

Свртете ги теглите наопаку за да создадете вакуум и на тој начин да го продолжите рокот на траење на џемот.

Вашиот вкусен џем од смокви е подготвен за уживање! Можете да го сервирате на парчиња тост, како додаток или да го користите за полнење колачи. Уживајте и разбудете се во сладок свет што барем ќе наликува на оваа хедонистичка десертна приказна!

Извор