Спиете ли доволно?Што е ноќна апнеја?
Динамичното време во кое живееме придонесува да се чувствуваме уморни. Но, дали константното отсуство на енергија се должи само на овој заклучок? Дали можеби е во прашање здравствена состојба за која задолжително треба да се превенира? Така постојано навивате аларми, ги броите часовите додека спиете и секогаш го заклучувате истото. Времето е тоа. Според нив, би требало да сте наспани, одморени и свежи. Oд каде доаѓа овој умор? Можеби, станува збор за состојба наречена апнеја.
Всушност, станува збор за состојбата наречена ноќна апнеја?
Апнеја е медицинска состојба каде што долги периоди на прекинато дишење или поинаку, ниски дишни патеки се случуваат за времето кога спиете. Ова може да резултира со силна прекинатост на сонот и неговите различни фази што може да влијае на квалитетот на одморот и општото здрвје на човекот.
Една од најчестите форми на апнеја е обструктивната апнеја на спиење ОАС, каде големиот долен дел на дишниот пат е блокиран, обично од меките делови на грлото што ги предизвикува прекините во дишењето.
Утринските главоболки се зачестени поради горе сето ова и се појавува малаксаност и умор како и недостиг на воздух.
Ако имате сомнежи, дејствувајте превентивно. Превенцијата е мајка на сите лекови.
Но, сепак со ова не би алудирале веднаш да се препознаете во текстот. Симптомите со различните дијагнози се понекогаш слични, па од тука паниката е најголемиот непријател на вашето здравје. Размислете околу веродостојната споредба со оваа состојба. Дали вие навистина се наоѓате во оваа категорија или едноставно и вие сте дел од оние луѓе кои ги проголтала машината на денешното фуриозно живеење.