BLACK COFFEE – иконата на современата електронска сцена доаѓа во Скопје

Најпосакуваната светска атракција во моментов, човекот кој не е само супер квалитетен диџеј и продуцент, туку и икона на комплетната современа електронска сцена – BLACK COFFEE доаѓа во Скопје!

Black Coffee does not just play music – he makes magic!

BLACK COFFEE

Македонија и регионот ќе имаат големо задоволство да се дружат со него ова лето, на 19 јуни, на најубавата open air локација во Скопје – Стадион на АРМ!

Греми добитник, од глобален хедлајнер на големи отворени простори до распродадени соло концерти во Madison Square Garden и О2 Арена, Black Coffee е еден од клучните артисти кои стојат зад подемот на afro – house музичката насока.

Во моментов, тој се смета не само за еден од највлијателните диџеи и продуценти на денешницата, туку и за еден од воопшто најактуелните артисти ширум планетата без разлика на музичкиот жанр.

Па така, на 19 јуни, Скопје ќе биде сведок на THE ULTIMATE BLACK COFFEE EXPERIENCE.

Повеќе информации за регуларните влезници и нивната цена, како и сите информации околу ВИП пакетите ќе бидат објавени идниот понеделник (4 мај) во 11 часот на платформите на Avalon.

А, продажбата на влезници ќе започне во ВТОРНИК (5 МАЈ) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

[post_tags]