Кралицата Летиција – Модна икона над жешкиот асвалт

Кралицата се раѓа, не се создава! – Летиција во палатата Marivent

На далеку е познат стилот на кралицата Летиција. Плакарот на кралицата, би се опишал како елеганција, класика и комбинација на модерни и традиционални елементи, што ја прави оваа моќна жена вистинска модна икона. Летиција, често се појавува во најразлични пригоди поврзани со проекти кои имаат значајно влијание врз образованието, културата и општествените влијанија.

Имено, оваа кралица на стилот, секогаш е под будното око на фотографите и новинарите. Нејзиниот лик е на насловните страни од познати магазини, а нејзиниот моден избор е секогаш искоментиран и од највлијателните модни дизајнери и светски брендови.

 

Овој пат, со внимание на деталите и беспрекорниот изглед, кралицата Летиција го доловува  „кралскиот став“ и на едно од поновите „кралски случувања“ во палатата Marivent. Модната кралица „Блесна“ во белиот фустан со сини детали, голи  рамења и макси должина . Белите еспадрили совршено се вклопуваа со должината на фустанот, а романтичниот реп и даваше лесен и свеж изглед. Фустанот е со потпис на брендот Desigual и одличен за жешките денови во лето.

Можеби овој фустан ќе се најде и во вашиот орман! Па што? Барем во текот на две-три летни, специјални пригоди , почувствувајте се како Кралица. И да! Не заборавајте дека ставот, поведението и стилот се тесно поврзани со имиџот на „кралско држење“.