Репертоар на 3 Д кино Битола – Филмска магија што не е за пропуштање

Пригответе се за незаборавни кино моменти во 3D кино Битола: авантура, драма, хумор и акција за сите вкусови! Во продолжение погледнете го репертоарот:

Филмот „Враќање на Жикина династија“ повторно на репертоарот на 3 Д кино во Битола. Фиѓмот го означува враќањето на еден од најпрепознатливите ликови од култната филмска сага. Со Никола Којо повторно во улогата на Миша Павловиќ, повеќе од три децении по неговото последно појавување. Приказната започнува кога во Србија пристигнуваат неговите синови Жика и Милан. Тие со години живееле во Москва со нивната мајка Наташа. Нивното доаѓање ја отвора вратата за нова, бурна и комична година. Година исполнета со неочекувани ситуации, семејни судири, но и силни пораки за блискост, припадност и традиционални вредности. Филмот комбинира носталгија и современ хумор, нудејќи забава и за старите фанови и за новата публика. Проекциите се закажани на 28 јануари во 20:00 часот и 31 јануари во 21:00 часот.

Репертоар на 3 Д кино Битола - Филмска магија што не е за пропуштање

Филмот „Аватар: Оган и Пепел“ ја продолжува сагата на Џејмс Камерон со помрачна и емотивно подлабока приказна сместена на Пандора.

Џејк Сали и Нејтири се соочуваат со загубата на синот Нетeјам, додека појавата на новото, агресивно племе На’ви – Народот на Пепелта, предводен од Варанг, го засилува конфликтот и отвора нови морални прашања. Филмот комбинира акција, авантура и научна фантастика, со улоги на Зои Салдана, Кејт Винслет и Џемејн Клемент. Проекции: 29.01 во 19:30 (2D) и 30.01 во 19:30 (3D).

„Филм за Сунѓерот Боб: Потрага по Панталоновски“ носи нова анимирана авантура за најмладите и љубителите на популарниот морски лик. Во режија на Дерек Драјмон, филмот ја следи мисијата на Сунѓерот Боб низ океанските длабочини. Таму се соочува со духот на Летечкиот Холанѓанец и низа неочекувани предизвици. Со гласови на Том Кени, Кленси Браун, Марк Хамил и други, филмот ќе се прикажува на 31 јануари во 17:00 часот во Центарот за култура Битола.

Со документарниот филм „К15: Од другата страна“, за првпат се открива приказната зад еден од најголемите хумористични феномени во Македонија – култната група К-15. Филмот нуди поглед зад сцената на нивното творештво и влијание, во продукција на БД Група и Гуд Муд Медиа, со режија и сценарио на Илија Ико Каров и директор на фотографија Илија Жоговски. Проекцијата ќе се одржи на 31 јануари во 19:00 часот.

„Луда љубов“ е криминална драма која ја следи тинејџерската љубов на Клотер и Џеки, загрозена од насилството на банди, но нивните животи повторно се спојуваат по години разделени. Во главните улоги се Adèle Exarchopoulos и François Civil, режија Gilles Lellouche. Проекции: 29–31 јануари во 20:00 часот, мала сала.

[post_tags]