Животот треба да се живее со смисла, хумор и малку авантура – Ива Крстевска Бакулев во YUGO

iva-krstevska-bakulev-devojkata-so-tochakot-i-mini-palachinkite
Животот треба да се живее со смисла, хумор и малку авантура - Ива Крстевска Бакулев во YUGO

Ива Крстевска Бакулев – девојката со точакот и мини палачинките.

Ива Крстевска Бакулев влезе во,, студиото на тркала”.. Мими ја претстави како човек кој знае да ужива во животот. А тоа веднаш се чувствува. Најпозната по своите мини палачинки кои ги продава на Корзо и Шеталиштето во Битола, Ива веднаш го плени вниманието со својот шарм. Но, таа не е само „мајстор на палачинки“. Магистер е по право, па така оваа шармантна и убава девојка размислува и за адвокатска кариера. Сепак, 16 години работи во маркетинг, пишува и што уште не..

Ива Крстевска Бакулев во YUGO, се потсети на своите патувања низ светот. Прошетала низ 30 држави. Ја издвои Прага која ѝ останала во срцето како место каде се чувствува како дома. Смешните и непредвидливи ситуации не ѝ недостигаа… Како кога во Шпанија, таксистот ја слегол неа и нејзиниот сопруг на погрешна улица. Така, два и пол часа се обидувале да ја најдат зградата. Нешто подоцна, додека чекале превозно средство, на екранот на еден мал телевизор се појавиле нивните слики како „двајца Германци кои сакале да крадат“. Стрес, паника, брзање, сето тоа со насмевка.

Мими не можеше а да не праша за килограмите, на што Ива одговори дека тоа е последица на брзиот живот. Некогаш активна со зумба, сега само се труди да го задржи балансот – без вечера, со благото како мала „мана“, но без поголеми резултати..

Инаку, инспирацијата доаѓа од секојдневните моменти. Како што Мими ги прочита: коментарите од телефон, ни покажуваат дека не треба да се комплексираме за она што го носиме, туку да се носиме со она што ни го носи животот.

Ива Крстевска Бакулев – од мини палачинки на Корзо до девојката со точакот – е доказ дека животот треба да се живее со смисла, хумор и малку авантура.

Погоре во текстот, погледнете го видеото и најновата епизода на YUGO.

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]