Александар Јовевски со фантастичен етно концерт ги хармонизира звуците на времето и традицијата

јовевски александар

Во фантастична атмосфера заврши концертот на традиционално вокално – инструментална музика на извонредниот Александар Јовевски.

„Илинденски денови“ во импресивното 53то претставување пред љубопитната публика го донесе на сцена концертот на етно музика  „Од колено на колено“ на перфектниот музичар Александар Јовевски. Групата музичари и вокални солисти ги хармонизираа звуците на времето и традицијата.

Кавалот ја раскажа својата приказна. Тамбурата и канонот го „везеа“ гобленот на македонските пејсажи. Модерниот звук на клавијатурата се „растопи  во спомените“ и создаде ОТКРОВЕНИЕ  на новото време.   

Пораката е повеќе од јасна: да се слави богатото наследство на македонската музика – „Од колено на колено“.